Kurir
Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Германија беше изненадување, изјави денеска шефицата ма европската дипломатија, Каја Калас. „Долго време се зборува за повлекување на американските трупи“, рече Калас по пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван. „Но, секако, времето на ова соопштение е изненадувачко“, додаде таа. Американските планови покажуваат дека европскиот столб во рамките на НАТО мора да се зајакне, рече Калас. На прашањето дали верува дека најавата на Трамп е одмазда за неодамнешните критики на германскиот канцелар Фридрих Мерц за војната во Иран, Калас рече дека тоа прашање треба американскиот претседател да го објасни. Вашингтон во петокот објави дека ќе повлече 5.000 американски војници од Германија во следните шест до 12 месеци, а потоа Трамп навести планови за повлекување на „многу повеќе“ трупи. Овој потег следеше по коментарите на Мерц од минатата недела во кои тој посочи дека иранското раководство ги „понижило“ САД. Берлин се обиде да го минимизира спорот, а Мерц доцна во неделата посочи дека најавата за повлекување „не е ништо ново“.
Go to News Site