Collector
Овации и силен аплауз за македонскиот балет во Белгија: Блескав настап на Деновите на македонската култура (ВИДЕО) | Collector
Овации и силен аплауз за македонскиот балет во Белгија: Блескав настап на Деновите на македонската култура (ВИДЕО)
Kurir

Овации и силен аплауз за македонскиот балет во Белгија: Блескав настап на Деновите на македонската култура (ВИДЕО)

Блескав настап на Националната опера и балет во Антверпен, Белгија каде што со балетската класика „Лебедово езеро“ завчера почнаа „Деновите на македонската култура“. „Деновите на македонската култура“ во Белгија е престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најблескаво издание пред европската публика. Со настапот на едно од најмонументалните дела од класичниот репертоар, Националната опера и балет уште еднаш го потврдува својот висок уметнички ранг, дисциплина и сценска извонредност. Гостувањето во Антверпен претставува силна афирмација на македонската култура на европската мапа. Долг аплауз и стоечки овации од публиката која броеше околу 2000 лица е вистински момент за уживање. Погледнете како изгледаше тоа: Денес, во Брисел, во кино-салата Cinema Galeries, ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, дело што се издвојува со силен авторски печат и меѓународен потенцијал. Следниот ден, на 5 мај, сцената на култниот Bozar ќе му припадне на Оркестар за џез музика на Македонија, кој ќе понуди енергичен концертен спој на македонскиот музички фолклор и современиот џез израз. Во рамки на програмата, до крајот на 2026 година, во Европски парламент е планирана и изложба на Теракотни икони од Виница и редок и исклучително значаен археолошки комплекс што сведочи за богатото ранохристијанско културно наследство на земјата. „Деновите на македонската култура“ во Белгија претставуваат моќна меѓународна платформа за презентација на македонската уметност, позиционирајќи ја земјата како зрел, препознатлив и високо квалитетен културен чинител на европската сцена.

Go to News Site