Collector
Митко Јанчев: Најостро го осудувам нападот кон ФФМ, нема никакво политичко влијание врз Тиквеш | Collector
Митко Јанчев: Најостро го осудувам нападот кон ФФМ, нема никакво политичко влијание врз Тиквеш
Kajgana

Митко Јанчев: Најостро го осудувам нападот кон ФФМ, нема никакво политичко влијание врз Тиквеш

Митко Јанчев: Најостро го осудувам нападот кон ФФМ, нема никакво политичко влијание врз Тиквеш Филип Здравески 04.05.2026 / 14:59 Фудбал Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, реагираше со соопштение во врска со последните превирања на релација Тиквеш - ФФМ, кое вчера го покрена навивачката група Лозари со кореографија против ФФМ. Градоначалникот Митко Јанчев и вчерашната кореографија на навивачката група Лозари Јанчев директно не ги спомна навивачите на кавадаречкиот клуб, но ги осуди сите напади кон ФФМ и напомена дека „ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и Тиквеш“. А, пак, ФФМ денеска ги подгреа шпекулациите за криза во односите со Градот на лозарите откако објави дека ја прекинува соработката со Ванче Шиков, кавадарчанец и поранешен репрезентативец кој беше во стручниот штаб на новиот селектор Гоце Седлоски, и спортскиот директор на Тиквеш, Љупчо Трајковски, кој беше ангажиран на две позиции во ФФМ. „Како градоначалник на Општина Кавадарци, која е доминантен сопственик на ГФК Тиквеш, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци. Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци. Помеѓу ФФМ, ГФК Тиквеш и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ, г-динот Масер Омерагиќ, не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот. Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот. Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред сѐ пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК Тиквеш ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено!“ Митко Јанчев ФК Тиквеш ФФМ Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off

Go to News Site