Kajgana
Ништо од Реал: Англичаните тврдат дека Мурињо е пред враќање во Премиер лигата Филип Здравески 04.05.2026 / 15:13 Фудбал Португалскиот стручњак и актуелен тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел да се врати во Англија, поточно во Премиер лигата. Како што пренесува Goal, Њукасл е заинтересиран за Мурињо, од каде сметаат дека би можеле да се борат за трофеи со Португалецот. Мурињо во својата кариера освои повеќе титули во Англија и Италија, а исто така и двапати ја освои Лигата на шампионите. Тој е познат по своите лидерски вештини и способност да создаде победнички менталитет во секој клуб. Од друга страна, Њукасл го освои својот прв домашен трофеј по 70 години кога минатата година триумфираше во Лига купот, а две од последните три сезони ги помина во европските натпреварувања. Сепак, оваа сезона клубот падна кон дното на табелата во Премиер лигата, што создаде притисок врз тренерот Еди Хау и предизвика разговори за враќање на Мурињо во Англија, поточно на „Сент Џејмс Парк“. Хау е на клупата на Њукасл од ноември 2021 година. За потсетување, шпанските медиуми сериозно пишуваа дека Мурињо е еден од кандидатите да го преземе Реал Мадрид. Жозе Мурињо Њукасл Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site