Kajgana
Уапсена скопјанка откако била затекната со повредено новороденче Александра Спасеска 04.05.2026 / 15:00 Хроника Полицијата приведе 29-годишна жена од Скопје поради сомнение за кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, откако била затекната со повредено новороденче пред дом во Карпош. Како што соопшти МВР, на 3 мај во 18:00 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.Д.(29) од Скопје. Претходно, 56-годишна скопјанка пријавила дека пред својот дом ја затекнала пријавената заедно со новороденче кое имало повреди. Детето и С.Д. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал повреди кај новороденчето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site