Kajgana
Кривична против четири малолетнички за насилството во Ѓорче, кривична утре и за родителите Александра Спасеска 04.05.2026 / 14:55 Хроника Полицијата поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради насилство. „Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа“, соопшти МВР. Кривичната пријава е доставена до Обвинителството и се постапува согласно Законот за правда за децата. Во текот на утрешниот ден (05.05.2026), полицијата ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site