Collector
Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за наводни сообраќајни прекршоци | Collector
Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за наводни сообраќајни прекршоци
Kajgana

Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за наводни сообраќајни прекршоци

Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за наводни сообраќајни прекршоци Александра Спасеска 04.05.2026 / 15:11 Хроника Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страница http://mvr.govmk.cam/mk . Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страница на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. МВР апелира до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба. Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off

Go to News Site