Kajgana
Кои филмови ќе ги гледаме на стриминг платформите во мај? Александра Спасеска 04.05.2026 / 17:45 Филм & ТВ Мај носи многу нови филмови на стриминг услугите достапни кај нас. Романтични приказни, драми, класици, документарци, хорори, акциони спектакли... има значителна понуда на интересни филмови што ќе станат достапни за стримување во текот на мај на платформите Netflix, HBO Max и SkyShowtime. Ова е КАЈГАНА изборот на филмови што ние одвај чекаме да ги гледаме месецов. 1 МАЈ Wuthering Heights Стриминг платформа: HBO Max HBO Max носи нова адаптација на познатиот роман од Емили Бронте. Режисерот Емералд Фенел претставува модерна, мрачна и страсна верзија на приказната за забранетата љубов на Кети и Хитклиф, во која главните улоги ги играат Марго Роби и Џејкоб Елорди. Remote video URL Another Simple Favor Стриминг платформа: HBO Max Стефани Смотерс и Емили Нелсон повторно се среќаваат, овој пат на Капри, каде што се одржува раскошната свадба на Емили. Гламурот, луксузните гости и идиличната италијанска локација брзо отстапуваат место на убиство, предавство и нови пресврти. Во главните улоги се Ана Кендрик и Блејк Лајвли. 3 МАЈ The Running Man Стриминг платформа: SkyShowtime SkyShowtime носи дистописки акционен филм сместен во блиска иднина, во кој најгледаната емисија на телевизија е смртоносен натпревар. Натпреварувачите мора да преживеат 30 дена додека се ловени од професионални убијци. Бен Ричардс, сиромашен работник кој сака да ја спаси својата болна ќерка, се согласува да учествува во играта, но наскоро станува закана за системот што се обидува да го уништи. Remote video URL 8 МАЈ The Materialists Стриминг платформа: HBO Max HBO Max носи романтична драма за Луси, амбициозна њујоршка сватовничка која верува дека знае како функционира љубовта. Нејзиниот живот е комплициран кога среќава навидум совршен маж, но истата ноќ повторно наидува на своето поранешно момче. Во главните улоги се Дакота Џонсон, Педро Паскал и Крис Еванс. Remote video URL Remarkably Bright Creatures Стриминг платформа: Netflix Това (Сали Филд), вдовица, создава необична врска со џиновски октопод додека работи во аквариум. Таа, исто така, создава врска со Камерон (Луис Пулман), новодојденец во нејзиниот град, и тие работат заедно за да решат мистерија во врска со неговото семејство. Без разлика дали мистеријата на овој филм е добра или не, актерската екипа е одлична. Покрај Филд и Пулман, глумат и Колм Мини, Кети Бејкер и други, вклучувајќи го и Алфред Молина како гласот на октоподот, Марселус. Remote video URL 16 МАЈ Black Phone 2 Стриминг платформа: SkyShowtime SkyShowtime го носи продолжението на хорор хитот на режисерот Скот Дериксон. Филмот е базиран на светот од кратката приказна на Џо Хил и повторно ја воведува морничавата атмосфера поврзана со Black Phone. Актерската екипа се враќа со Итан Хоук, Мејсон Темз, Мадлен Мекгроу, Џереми Дејвис и Мигел Мора. Remote video URL Netflix HBO SkyShowtime Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site