Collector
Мелони не е поштедена во одмаздата на Трамп | Collector
Мелони не е поштедена во одмаздата на Трамп
Kajgana

Мелони не е поштедена во одмаздата на Трамп

Мелони не е поштедена во одмаздата на Трамп Александра Спасеска 04.05.2026 / 19:00 Свет Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нема да ја поддржи потенцијалната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Италија. „Тоа е одлука што не зависи од мене и со која јас лично не би се согласила“, изјави Мелони пред новинарите во ерменскиот главен град Ереван, на маргините на самитот на Европската политичка заедница. Минатата недела американскиот претседател беше прашан дали Вашингтон би размислил за повлекување на своите трупи од Италија и Шпанија, а Трамп одговори „веројатно“. „Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија беше ужасна, апсолутно ужасна“, изјави тој пред новинарите во саботата. Пентагон во петокот соопшти дека САД ќе го намалат своето воено присуство во Германија, нивната најголема европска база, за 5.000 војници. Трамп, во меѓувреме, во саботата изјави дека ќе го намали бројот на трупи во Германија за „далеку повеќе“ од 5.000. Трамп се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија и други европски земји за време на двата негови мандати во Белата куќа, тврдејќи дека сака Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, наместо да се потпира на Вашингтон. Сега се чини дека се обидува да ги казни сојузниците кои не го поддржаа во војната на Блискиот Исток или не придонесоа за мировните сили во клучниот Ормутски Теснец, кој иранските сили го затворија, пренесува AFP. Италија САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site