Collector
Шести пораз по ред за Челси во Премиер лигата | Collector
Шести пораз по ред за Челси во Премиер лигата
Kajgana

Шести пораз по ред за Челси во Премиер лигата

Шести пораз по ред за Челси во Премиер лигата Александра Спасеска 04.05.2026 / 20:20 Фудбал Нотингем Форест го победи Челси со 1:3 на Стемфорд Бриџ во 35-то коло од Премиер лигата. На три кола до крајот, Нотингем се зацврсти на 16-та позиција со 42 бода, шест повеќе од Вест Хем, кој е во зоната за испаѓање. Тајво Авонији постигна гол во втората и 52-ра минута, додека Игор Хесус реализираше пенал во 15-та минута. Nigerian striker Taiwo Awoniyi needed just 2 Mins to stun Chelsea and ignite hope for Nottingham Forest, Ice-cold finish. Like & repost if you’re backing him pic.twitter.com/eeKT2laJ6c — Fondre (@UTDFondre) May 4, 2026 Жоао Педро го ублажи поразот на домашниот тим во судиското продолжение. Челси го загуби шестиот лигашки натпревар по ред, но не остана без гол по шести пат по ред. Челси е деветти со 48 бода, подалеку од позициите што водат во европските натпреварувања. Арсенал води со 76 бода, а Манчестер Сити е шест бода зад него, со два натпревари помалку, и игра на гостински терен кај Евертон подоцна денеска. Челси Премиер лига Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site