Collector
Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд | Collector
Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
Kurir

Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

Времето во вторник, 5 мај, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -1 до 25 степени. Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок. Од четврток локално ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот во северен.

Go to News Site