Kajgana
Комунална хигиена: Најголемо количество непрописно одложен отпад во април е расчистено во Карпош Филип Здравески 05.05.2026 / 08:46 Македонија Во текот на месецот април екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје отстранија вкупно 2.750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош, велат од „Комунална хигиена“ - Скопје. „Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира 14.915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. ЈП 'Комунална хигиена' - Скопје продолжува да ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно машинско и рачно метење и миење, како и плоштадот и улицата 'Македонија', помалите плоштади 'Филип II', 'Мајка Тереза' и 'Богородица', пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите 'Гоце Делчев' и 'Слобода' и Старата скопска чаршија“, соопшти „Комунална хигиена“ - Скопје. Оттаму додаваат дека во текот на месецот април реализирале предавања за примарна селекција и правилно постапување со отпадот за 208 ученици во скопските училишта, додека во градинката „Весели цветови“ - клон „Синоличка“, во Општина Кисела Вода, била организирана еко-манифестација за одбележување на Денот на планетата Земја. Комунална хигиена Општина Карпош Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site