Kajgana
5 Мај - Ден на македонскиот јазик Филип Здравески 05.05.2026 / 09:33 Македонија Денеска се одбележува 5 мај - Денот на македонскиот јазик. По тој повод ќе се одржат неколку настани организирани од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам. Одбележувањето официјално почнува од 2019 година во чест Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис на 7 јуни 1945 година. Ден на македонскиот јазик на денешен ден Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site