Kajgana
Обама за војната со Иран: Нетанјаху и мене ме наговараше за напад, знаев што ќе се случи Филип Здравески 05.05.2026 / 11:06 Свет Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, даде интервју за списанието The New Yorker, во кое се осврна на актуелната војна меѓу САД и Израел против Иран. Како што истакна Обама, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, користејќи го истиот аргумент, се обидел и него да го убеди САД да го нападнат Иран. „Како и со Доналд Трамп, тој се обиде да ме убеди, но знаев што ќе се случи и одбив. Знаев дека нападот не вреди за последиците. Мислам дека мојата прогноза беше точна“, рече Обама. Додаде и дека постојат сериозни прашања за тоа на кого овој напад требаше да му донесе повеќе придобивки, на САД или на Израел. „Нетанјаху го доби она што го сакаше. Дали е најдобро за граѓаните на Израел, тоа е големото прашање. Дали е најдобро за граѓаните на САД и Америка воопшто, тоа е големото прашање“, рече поранешниот американски претседател, додавајќи дека честопати не се согласувал со израелскиот премиер. Конкретно коментираше за реториката на Трамп од почетокот на војната, особено за неговите закани за „бришење на цивилизацијата. Таквите изјави ги нарече „спротивни на американските вредности“. „Ако не им дадеме глас на тие основни вредности, дека има невини луѓе во земји со лоши влади и дека мора да се грижиме за тие луѓе, дека можеме да правиме грешки ако не се чуваме од гордост и чист личен интерес. Ако ги немаме тие работи, светот може да се распадне на многу лоши начини“, рече Обама. Укажувајќи на пошироката штета што Трамп ја нанесе на односите на Америка со нејзините сојузници, Обама предупреди дека нивната обнова ќе биде огромен предизвик. „Мислам дека санирањето на штетата нанесена на меѓународниот поредок ќе биде уште потешко од некои од домашните поправки“, рече тој, опишувајќи го системот на меѓународна соработка по Втората светска војна како едно од подобрите времиња на Америка. Барак Обама САД Иран Бенјамин Нетанјаху Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site