Collector
Јаневска: По случајот во Ѓорче Петров, наместо ученици, во училиштата ќе дежураат наставници | Collector
Јаневска: По случајот во Ѓорче Петров, наместо ученици, во училиштата ќе дежураат наставници
Kurir

Јаневска: По случајот во Ѓорче Петров, наместо ученици, во училиштата ќе дежураат наставници

Наместо ученици, отсега во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави министерката за образование Весна Јаневска. „Информирам дека МОН испрати допис до сите училишта и општини со кој се задолжуваат повторно да се воведе праксата која постоеше во минатото – за време на големите и малите одмори да има дежурни наставници, наместо дежурни ученици“. Оценува, како што вели, дека мерката ќе помогне во спречување инциденти и несоодветно однесување на учениците. „Повторно потенцирам, за поефикасно справување со врсничкото насилство неопходна е и поддршка од сите општествени чинители, а најважно е семејството, родителите и старателите“.

Go to News Site