Kurir
Здравствен дом Гостивар ги зголеми персоналните капацитети со вработување на нови 18 лица. Во управата на установата вчера беа врачени решенијата за вработување на 14 медицински лица (6 лекари и 8 медицински сестри) и по еден возач, општ работник, адмнистратор и хигиеничар. Според првиот човек на установата Вулнет Оломани, овие нови вработувања во значителна мера ќе ја подобрат ефикасноста во работењето и подобрување на здравствените услуги. - Ова е значаен чекор кон подобрување на работењето и пополнување на работните позиции за кои ни недостигаше персонал. Тоа секако ќе подобри ефикасноста и пружањето на услугите кои се под ингеренции на Здравствен дом, рече директорот Оломани. Тој посочи дека и оваа година од ресорното министерство ќе поднесат барања за нови вработувања во повеќе области, бидејќи за тоа има потреба со оглед дека подрачјето кое го покриваат има над 100 илјади жители. Оломани најави дека летово треба да започне и реконструкцијата на зградата на здравствениот дом и нејзино проширување со надградба. Здравствен дом Гостивар има близу 200 вработени кои освен во брзата помош, работат во деловите на патронажна служба, вакцининација, детска стоматологија, лабораториски испитувања за осигурениците во општините Гостивар и Врапчиште. МИА
Go to News Site