Collector
Мицкоски за членот на неговото обезбедување кој ја нападна својата сопруга: Законот важи за сите, без исклучок | Collector
Мицкоски за членот на неговото обезбедување кој ја нападна својата сопруга: Законот важи за сите, без исклучок
Kurir

Мицкоски за членот на неговото обезбедување кој ја нападна својата сопруга: Законот важи за сите, без исклучок

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на случај со припадник на неговото обезбедување кој е уапсен по пријава за физички напад врз сопругата. Тој истакна дека во конкретниот случај институциите постапуваат и дека законот важи подеднакво за сите, без исклучок. Мицкоски нагласи дека ова не е единствен случај поврзан со лица од неговото обезбедување и дека нема толеранција за какви било прекршувања. Според него, системот функционира и постапувањето на надлежните органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, како што рече, кога слични случаи не биле санкционирани. Тој додаде дека не толерира недисциплина и дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси одговорност.

Go to News Site