Kajgana
Вини плаче кога го вреѓаат, а ги понижува другите: Глупаку, многу си лош Филип Здравески 05.05.2026 / 13:56 Фудбал Винисиус Жуниор беше уловен на камера како навредува противнички фудбалер. Бразилецот, кој често се жали на навредите врз него, очигледно кога не глуми жртва е вешт насилник. Винисиус Жуниор не е во центарот на настаните само поради своите фудбалски вештини, докажани многу пати во дросот на Реал Мадрид и Бразил, туку и поради работи што немаат никаква врска со спортот. Од време на време се наоѓа на мета на навреди од противничките играчи и навивачи, а кога тие имаат срамна и неприфатлива расистичка конотација, тој одбива да продолжи да игра и бара активирање на протоколите на УЕФА и ФИФА во такви ситуации. Сепак, вистината во неговиот случај навистина има два краја, бидејќи не само што тој самиот не е цвеќе, туку неговите противници често се жалат дека тој е оној што провоцира и изговара разни грди навреди. Омар Ел Хилали од Еспањол е најновата таква жртва на овој сега веќе добро познат фудбалски манипулатор. „Батали глупостите, после ќе ми го бараш дресот... Глуп си, само бараш кавга... Нема да ти го дадам дресот... Ќе се вратиш во втората лига, брате. Многу си лош“, му повторуваше Вини во неколку наврати на мароканскиот репрезентативец роден во Шпанија, додека телевизиските камери снимаа, а апаратите за читање усни цитираа сè. Во еден момент дури му се обрати на тренерот на тимот од Барселона со „Мора да го извадиш, ќе биде исклучен“, откако судијата му покажа црвен картон на Ел Хилали, а потоа го смени во жолт картон откако го гледаше ВАР видеото од фаулот врз Винисиус. Remote video URL Винисиус Жуниор Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site