Collector
Миленкоски без шест повикани репрезентативци ги стартува подготовките | Collector
Миленкоски без шест повикани репрезентативци ги стартува подготовките
Kurir

Миленкоски без шест повикани репрезентативци ги стартува подготовките

Селекторот на машката македонска одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски утре напладне ќе го има првиот собир на репрезентацијата за подготовките за учеството во Европската лига 2026. Собирот е закажан во хотелот „Монтана“ во Крушево. На првата прозивка ќе недостасуваат пет интернационалци: Владо Милев, Александар Љафтов, Никола Ѓоргиев, Филип Маџунков и Филип Савовски, како и еден од домашните одбојкари Стојче Арсов. Љафтов, Ѓоргиев и Савовски имаат обврски со своите клубови во националните првенства каде играат во финалето на плејофот. Милев, кој го освои бронзениот медал со Казинбарчика во Унгарија, утре се враќа во Македонија и доби неколку слободни дена од селекторот за одмор. Филип Маџунков, пак е во финална фаза на рехабилитација од повреда и комплетно подготвен ќе се стави на располагање на репрезентацијата на 13. мај во Скопје. Стојче Арсов од приватни причини е ослободен и дополнително ќе и се приклучи на екипата. Останатите повикани веднаш ќе стартуваат со подготовките. Една седмица ќе мине репрезентацијата во Крушево, а од 13. мај се сели во Скопје, каде ќе продолжи со темпирање на формата за Европската лига 2026. Финалната проверка на формата македонските одбојкари ќе ја имаат со пријателски натпревари со Црна Гора, во периодот од 27 до 29 мај во Подгорица. Машката репрезентација првиот турнир во Европската лига 2026 го игра на домашен терен, односно во салата „Парк“ во Струмица, каде на 5 јуни ја пречекува Холандија, додека на 7 јуни игра против Луксембург. Вториот турнир нашите одбојкари го играат во Грција, во Атина кога на 13 јуни ќе се соочат со Исланд, а ден подоцна играат со домаќинот Грција. Третиот турнир од Евро-лигата 2026 Македонија го игра на Косово, во Гњилане, на 19 јуни ќе се сретне со косовската репрезентација, додека на 20 јуни е предвиден дуелот со Израел. (МИА)

Go to News Site