Collector
Мицкоски го нарече физичкото насилство врз жена „мал престап“ | Collector
Мицкоски го нарече физичкото насилство врз жена „мал престап“
Kajgana

Мицкоски го нарече физичкото насилство врз жена „мал престап“

Мицкоски го нарече физичкото насилство врз жена „мал престап“ Александра Спасеска 05.05.2026 / 15:33 Македонија Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека случајот со неговиот обезбедувач кој заврши во притвор по напад врз сопругата е доказ дека, за разлика од минатото, сега законот важи за сите, нагласувајќи дека не толерира недисциплина во безбедносните структури. „Тоа е доказ дека законот функционира. Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото, кога членови на обезбедување на претседател тепаа граѓани, дивееја по дискотеки и минуваа неказнето. Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира. Тоа е уште еден доказ дека можеме и во иднина. Недисциплина јас не толерирам. Сопругата е ќерка на мој колега од факултет“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), полициски службеник во ОЗОЛО-ЕОПРСМ при МВР, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Според МВР, на 2 мај 2026 година тој физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. Осомничениот е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и задолжителни мерки за негово отстранување од работното место. Христијан Мицкоски Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site