Collector
ВРЕДИ: Владата има стабилно и значително мнозинство, со обединувањето ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена | Collector
ВРЕДИ: Владата има стабилно и значително мнозинство, со обединувањето ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена
Kurir

ВРЕДИ: Владата има стабилно и значително мнозинство, со обединувањето ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена

ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Македонија, велат од ВРЕДИ. -Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштенмието од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ВРЕДИ освои 10 општини, односно околу 80% од општините со доминантно албанско население. Тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните. Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт, посочуваат од ВРЕДИ.

Go to News Site