Kajgana
Иран воведува нов механизам за бродовите што минуваат низ Ормутскиот Теснец Александра Спасеска 05.05.2026 / 20:33 Свет Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец, извести државната телевизија Press TV. Според новиот систем, сите бродови што имаат намера да поминат низ стратешки важниот морски премин ќе добијат е-пошта од адреса поврзана со тело наречено Persian Gulf Strait Authority (PGSA), која ќе ги дефинира новите правила и прописи за премин. Според правилата, бродовите ќе мора да добијат посебна дозвола за транзит пред да влезат во теснецот, кој се смета за еден од најважните светски центри за транспорт на нафта. Иницијативата е опишана како „суверен систем за управување“ кој сега е оперативен во Ормутскиот Теснец, се вели во извештајот. Потсетуваме дека во Ормутскиот Теснец се на сила два системи за регулирање на поморскиот сообраќај, едниот управуван од Иран, а другиот од САД, кој има за цел да обезбеди премин на бродовите низ теснецот. Сепак, транзитот на бродови низ теснецот останува минимален, без знаци за враќање на ситуацијата пред почетокот на конфликтот. Иран Ормутски Теснец Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site