Collector
Лимани: Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и близок до граѓаните | Collector
Лимани: Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и близок до граѓаните
Kurir

Лимани: Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и близок до граѓаните

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска престојуваше во Дебар, каде што ги посети Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, детската градинка „Брешија" и имаше средба со градоначалникот Фисник Меља. На средбата со директорката на Меѓуопштинскиот центар Арлинда Муладаути - Телќиу и разговорот со вработените беше  запознат со тековните активности и предизвиците со кои се соочуваат социјалните работници во нивната секојдневна работа. Според него, социјалните работници се клучен столб на нашиот систем на социјална заштита, а нивната посветеност, професионалност и човечки пристап имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено на најранливите категории. - Како Министерство, остануваме целосно посветени на континуирано вложување во јакнење на капацитетите, условите за работа и поддршката на социјалните работници, затоа што тие се првата линија на поддршка за многу семејства и поединци. Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и блиску до граѓаните – систем кој се темели на човечност, солидарност и професионализам, изјави Лимани. Прашања од социјалната и детската заштита, како и потребата од посилна и поефикасна поддршка за младите во општината, биле во фокусот на средбата со градоначалникот Фисник Меља. - Посебен акцент ставиле на унапредување на локалните услуги и изнаоѓање заеднички решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните, особено на ранливите категории и младата популација. Заедничкиот став е  посветено да работат за посилна социјална заштита, подобра грижа за децата и повеќе можности за младите, објави Општина Дебар. Посебен пречек со богата програма му приредија најмладите во детската градинка „Брешија". -Вложувањето во децата е најголемата и највредна инвестиција што ја правиме како општество. Тоа е инвестиција во иднината, во развојот и во достоинствениот живот на секое дете. Затоа продолжуваме посветено да градиме систем кој ги става децата на прво место, изјави министерот Лимани. Додаде дека подобрувањето на условите и проширување на капацитетите за предучилишно воспитание и образование, е наш приоритет, со цел секое дете да добие еднаков и навремен пристап до грижа, воспитување и развој. (МИА)

Go to News Site