Kurir
Ана Полизовска од Битола, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ е наградена со златен медал од Европската асоцијација за астрономско образование (European Association for Astronomy Education-EAAE) која во соработка со European Southern Observatory (ESO) го реализира детскиот ликовен конкурс „Визија за убавината на универзумот“. Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола оваа година учествуваше по втор пат и од 12 дела на свои членови, освои шест награди, истакна Славчо Неделковски, ментор на Полизовска. -Со оваа образовна асоцијација се запознавме при службена посета на Брисел, стапивме во контакт со директорката на EAAE, Едерлинда Вињуалес, која ни го посочи конкурсот. Со наградите и дипломите добивме и поздравно писмо во кое се заблагодарува за учеството и довербата. Во писмото, од EAAE нагласуваат дека се задоволни од сè поголемиот интерес и учество на натпреварот Space Art, кој од година во година обединува сè повеќе земји и млади автори. Според официјалниот билтен на EAAE и ESO, од 12-те испратени цртежи, со дипломи за извонреден ликовен талент се наградени Ана Јосифовска, Анабела Јовчевска, Бојана Стефановска, Давид Атанасовски и Фросина Полизовска. Најголемиот успех го постигна Ана Полизовска, која освои златен медал – прво место во третата категорија (15–18 години), за своето дело „Илузија“, посочи Неделковски. Од ДЛС „Кирил и Методиј“ – Битола информираа дека членовите на студиото биле единствен претставник од Македонија и се натпреварувале со учесници од Бугарија, Грција, Унгарија, Индија, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Турција и Украина
Go to News Site