Collector
На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“ | Collector
На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“
Kajgana

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“ Александра Спасеска 06.05.2026 / 15:44 Филм & ТВ На 6 мај 2004 година, се емитуваше последната епизода од една од најомилените телевизиски серии на сите времиња, „Пријатели“ (Friends). За финалето симболично насловено како The One Where They Say Goodbye, дури 52,5 милиони гледачи во САД седнаа пред своите екрани за да ги гледаат Рејчел, Моника, Фиби, Џои, Чендлер и Рос за последен пат. Популарната ситком серија на NBC се емитуваше од 22 септември 1994 година до 6 мај 2004 година, во текот на десет сезони. Снимени се вкупно 236 епизоди, а серијата ги започна кариерите на главните актери: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер. „Пријатели“ брзо станаа глобален феномен поради духовитиот дијалог, животните теми и силната хемија меѓу актерите. Серијата освои бројни награди, вклучувајќи Еми награди, Златни глобуси и награди од публиката, а нејзиното влијание се чувствува и денес, при што речиси секоја нова генерација ја открива повторно преку стриминг платформите. Последната сцена во која пријателите ги оставаат своите клучеви на кујнскиот пулт од станот каде што ги поминале најважните години од својот живот останува еден од најемотивните моменти во телевизиската историја. Remote video URL Friends Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site