Kurir
Специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф подоцна неделава во Мајами ќе се сретне со министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров, јави ДПА, повикувајќи се на извори од Белата куќа. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за средбата. Украинските власти не ја потврдија веднаш информацијата за посетата на Умеров на САД, туку само наведоа дека тој не присуствувал на сослушувањето на парламентарната комисија во Киев поради службено патување во странство. На крајот на април, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за прекин на огнот во војната во Украина, поврзан со одбележувањето на Денот на победата на 9 мај, кога Русија ја слави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Подоцна руското Министерство за одбрана објави дводневен прекин на огнот, кој треба да стапи во сила утре. Киев возврати со предлог прекинот на воените дејствија да започне порано – од 6 мај, но Москва досега не одговори на предлогот.
Go to News Site