Kurir
Денес и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) се оддржува Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“. Конференцијата ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан. -Ова не е ушре една конференција ова е разговор за иднината на нашите народи, разговор за тоа какви држави ќе оставиме позади нас, разговор за тоа дали ќе создадеме општества во кои младите ќе сакаат да останат, семејствата ќе сакаат да создаваат иднина, а повозрасните ќе живеат достоинствено и посигурно, рече Мицкоски во своето обраќање. Премиерот Мицкоски истакна дека живееме во време на длабоки глобални промени, светот се менува побрзо од било кога претходно. Климатски промени, тхнолошката револуција, дигитсалната трансформација, новите економски модели и новите гео-политички предизвици веќе ја обликуваат новата реалност, рече Муцкоски. Тој наведе дека паралелно со сите тие процеси постои уште една тивка но суштинска трансформација а тоа е демографската промена. -Таа не е веќе тема за академски анализи или статистички извештаи, таа е реалност што секојдневно ја чувствуваме, ја гледаме во испразнетите училници во одредени региони, ја гледаме во недостигот на работната сила, ја гледаме во се поголемиот притисок врз пензиските и здравствените системи, ја гледаме во заминувањето на луѓето, на младите луѓе кои својата иднина ја бараат надвор од татковината, додаде Мицкоски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=tfBcUv8e0Y4[/embed]
Go to News Site