Kajgana
Почнува шестото издание на Скопскиот поетски фестивал Александра Спасеска 07.05.2026 / 12:03 Култура Денеска во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, со настанот наречен „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“ започнува 6. Скопски поетски фестивал. Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во Младинскиот културен центар и во „Буква“. Оваа година учесниците се поети од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија, од Црна Гора и од Македонија. ‒ Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда...)“. Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот – изјавија организаторите. Претходно, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, како преднастан на официјалното отворање, ќе се одржи читачката промоција на поетската панорама на поезија пишувана од млади ‒ „Техна и епистема“, што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја објави „ПНВ Публикации“ од Скопје. На програмата денеска е и поетско-музичкиот перформанс „Другиот не сум јас“ на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора, што ќе започне во 21:30 часот во киното „Фросина“ во МКЦ. View this post on Instagram A post shared by Скопски поетски фестивал // Skopje Poetry Festival (@skopje.poetry.festival) Автор на постерот е Андреј Павлов. Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, „Буквa“, Хрватското друштво на писатели, односно фестивалот „Стихот во регионот“, Светскиот поетски фестивал Патра, Грција, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и хотел „Цара 1928“. Скопски поетски фестивал Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site