Kajgana
Трик за складирање марула: Ќе остане свежа и крцкава многу подолго Филип Здравески 07.05.2026 / 15:40 Живот Нема ништо полошо од купување убава, свежа марула, а по само неколку дена во фрижидер листовите стануваат меки, кафеави и неупотребливи. Како што пристигнуваат потоплите денови, сезоната на скари и лесни оброци, марула (или зелена салата) е речиси неизбежна на трпезата, но е една од намирниците што најбрзо се расипуваат. Причината е едноставна: марулата содржи многу вода и нема заштитна обвивка како другите зеленчуци, па затоа многу брзо ја губи влагата и лесно ги апсорбира бактериите од фрижидерот. Сепак, постои едноставен трик што може да ѝ помогне да остане свежа и крцкава многу подолго од вообичаеното. Тајната е во алуминиумската фолија Наместо да ја чувате марулата во оригиналната пластична кеса, обидете се да ја завиткате во алуминиумска фолија. Овој метод им помага на листовите да ја задржат потребната влага, но во исто време овозможува доволно воздух за да се спречи формирање на кондензација, што го забрзува расипувањето. За уште подобар ефект, додадете неколку хартиени крпи пред да ги замотате листовите. Тие ја апсорбираат вишокот влага и спречуваат марулата да стане влажна или да почне да скапува. Како правилно да се складира марулата? Измијте ги листовите со ладна вода за да ги отстраните нечистотиите. Добро исушете ги - колку помалку вода остане, толку подолго ќе трае марулата. Ставете хартиена крпа врз марулата. Лесно завиткајте во алуминиумска фолија. Чувајте во фиоката за зеленчук во фрижидерот. На овој начин, марулата може да остане свежа и крцкава многу подолго отколку кога е во пластична амбалажа. Ако марулата овене Дури и кога листовите ќе почнат да венеат, не мора веднаш да ги фрлате. Потопете ги во многу ладна вода со мраз неколку минути. Овој „шок третман“ често ја враќа крцкавоста и ги освежува листовите доволно за да можете да ги користите за уште неколку оброци. марула Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site