Kajgana
Две страни на приказната: Трамп не го прекинал Проектот Слобода по своја волја, туку поради Саудиска Арабија Филип Здравески 07.05.2026 / 16:56 Свет Американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендираше поморската операција за придружба на бродови низ Ормускиот Проток откако Саудиска Арабија соопшти дека нема да дозволи американски авиони што учествуваат во таа операција да полетуваат од или да летаат низ нејзиното небо во Персискиот Залив, објави NBC News. Цитирајќи американски претставници, во извештајот се вели дека Саудијците и другите земји од Персискиот Залив биле изненадени од најавата на Трамп за „Проектот слобода“ во неделата, додавајќи дека американскиот претседател подоцна разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за ова прашање, но не успеал да постигне решение. На прашањето од NBC дали операцијата ги изненадила саудиските лидери, извор во кралството рекол „проблемот со таа претпоставка е што работите се случуваат брзо во реално време“. Изворот исто така рекол дека Саудиска Арабија многу ги поддржува дипломатските напори на Пакистан за посредување во договор меѓу САД и Иран. Портпаролот на Белата куќа рекол дека „регионалните сојузници биле информирани однапред“, иако дипломат од Блискиот Исток, цитиран од NBC, рекол дека САД не се координирале со Оман сè до по објавата на Трамп. „САД издадоа соопштение, а потоа се координираа со нас“, рекол дипломатот, додавајќи, „не бевме вознемирени ниту лути“. Потсетуваме, Трамп на 3 мај објави дека американските сили ќе почнат да ги придружуваат бродовите низ Ормускиот Проток како дел од операцијата што ја нарекол „Проект Слобода“ (Project Freedom). Трамп во неделата истакна дека земјите ширум светот, од кои речиси ниту една не е вклучена во конфликтот на Блискиот Исток, побарале од САД да им помогне во ослободувањето на нивните бродови кои се „блокирани“ во овој клучен теснец. Сепак, тој вчера објави дека Америка привремено го паузира овој проект додека не се види дали договорот со Иран ќе биде финализиран и потпишан. „Имаме заеднички договор дека, иако блокадата ќе остане во полна сила и ефект, „Проектот слобода“ ќе биде паузиран за кратко време за да се види дали договорот може да биде финализиран и потпишан“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Ормуски Проток Доналд Трамп Саудиска Арабија Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site