Kajgana
Утре претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме Филип Здравески 07.05.2026 / 18:07 Македонија Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. Времето во наредните денови Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site