Kajgana
И ФИФА го откачи Panini: Во иднина мундијалските албуми со сликички ќе ги прави друг Филип Здравески 07.05.2026 / 19:44 Фудбал ФИФА објави дека го прекинува партнерството со Panini по точно 60 години соработка! Договорот меѓу светската фудбалска куќа и италијанската компанија ќе истече по Светското првенство во 2030 година, по што производството на сликички и други колекционерски картички ќе го преземе њујоршката компанија Topps. Договорот ја прекинува лиценцата на Panini за сликички од Светското првенство во фудбал, која траеше континуирано од 1970 година. Покрај за овогодишното Светско првенство, Италијанците ќе произведуваат сликички уште и за јубилејното првенство во 2030 година. Topps од Panini веќе ја презеде лиценцата на УЕФА за Европските првенства во 2024 и 2028, Европското првенство за жени во 2025 и финалето на Лигата на нации до 2028 година. Сега американската компанија со мундијалите ќе почне од она во 2034 година во Саудиска Арабија. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави: „Низ целиот спортски свет гледаме фанатици кои покренуваат огромни иновации во колекционерските предмети што им обезбедуваат на навивачите нов, значаен начин да се поврзат со своите омилени тимови и своите омилени играчи. Значи, од перспектива на ФИФА, можеме да ја глобализираме таа интеракција со навивачите токму поради нашето глобално портфолио на турнири. А, тоа обезбедува уште еден важен комерцијален приход што, како и секогаш, го насочуваме назад во играта, во фудбалот.“ Компанијата Topps, во сопственост на групацијата Fanatics, полека го презема монополот врз овој пазар. Минатиот месец, Fanatics обезбеди ексклузивни права за производство на колекционерски предмети за репрезентациите на Бразил (од 2027 година), Англија и Германија (од 2031 година) и Италија (од 2035 година). Оваа недела беше потпишан договор со Аргентина, кој стапува на сила веднаш. Некои извори велат дека се потпишани и идните права за репрезентацијата на САД, а во февруари беше потпишан ексклузивен договор со Дејвид Бекам. Fanatics ќе биде и официјален лиценциран продавач на стадионите за време на Светското првенство 2026, а со губењето на сите овие клучни бизниси, иднината на Panini станува сè понеизвесна. ⛔️ [OFICIAL] FIFA ROMPE CONTRATO CON PANINI, DESPUÉS DE ¡60 AÑOS! ⚠️ La Copa del Mundo 2030 será el ÚLTIMO ÁLBUM con la marca italiana. A partir de 2031 los derechos los adquiere FANATICS. pic.twitter.com/akVh3j64EX — Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) May 7, 2026 Panini ФИФА СП 2030 СП 2034 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site