Kurir
„Деновите на македонската култура“ во Брисел завршија, а за прекрасните настапи кои се одржаа таму ќе се зборува сигурно и долго. 2000 лица со стоечки овации дадоа признание на македонскиот балет, а Националниот џез оркестар ја претстави Македонија во најблескавото светло. Во „Меѓу редови“ на КУРИР го прашавме министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, што точно се случуваше и колку се ваквите настани важни за промоција на македонската култура. -Навистина е важно да се промовираат вакви настани бидејќи ние 10 години наназад ги имавме заборавено „Деновите на македонската култура“ надвор од границите на Македонија и сега првпат ја враќаме оваа манифестација која за нас е многу важна. Решивме првата да биде во Брисел и не погрешивме. Многу беше важно што репертоарот на трите институции Македонската опера и балет, Националниот џез оркестар и Агенција за филм со презентацијата на „Исцелител“, буквално беа исполнети до едно место. Ако во минатото сме ги канеле на такви настани само нашата дијаспора која што е таму, само Македонците, мојата тенденција денес е да не ја претставуваме македонската култура само пред нив туку ние треба граѓаните на таа земја да ги запознаеме со нашата култура. И овде морам да кажам дека до последно место беа исполнети местата со Белгијци, луѓе од Германија, од Франција, Италија и се разбира Македонците. Јас сум многу среќен како тоа изгледаше и каква беше посетеноста, рече Љутков. На вечерта со Националниот џез оркестар видел голем број дипломати од Европскиот парламент кои биле присутни. -Реакциите нивни беа дека долго време немаат видено ваков настан каков што беше настапот на нашиот џез оркестар. Тоа ќе го продолжиме секоја година, се разбира, таму каде стратешки е најпотребно да се презентираме, рече Љутков. Во интервјуто со него разговаравме за низа теми, а целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:
Go to News Site