Kajgana
Москва: Доколку се обидат да ја нарушат парадата, силно ќе удриме врз Киев Филип Здравески 07.05.2026 / 20:38 Свет Во случај украинската армија да се обиде да ги наруши руските прослави за Денот на победата над фашизмот на 9 мај, Москва ќе започне масовен ракетен напад врз Киев, објави руското Министерство за одбрана. „Доколку украинските вооружени сили го прекршат прекинот на огнот во зоната на специјални воени операции или се обидат да нападнат населени места и објекти во руските региони, вооружените сили ќе обезбедат соодветен одговор“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости. Се додава дека за време на примирјето објавено за Денот на победата, Русија нема да ги нападне локациите каде што е распоредена украинската армија или објектите на воено-индустрискиот комплекс длабоко во Украина, а Украина е повикана да го стори истото. Министерството за одбрана прогласи прекин на огнот со украинската страна на 8 и 9 мај во чест на Денот на победата. војна Украина Ден на победата над фашизмот Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site