Collector
Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади | Collector
Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади
Kurir

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот. Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади. Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска. По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди. -Програмата ќе биде збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. Ве покануваме заедно да испратиме силна порака за спортот, пријателството, фер-плејот и иднината на младите - се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Go to News Site