Kurir
Најмалку 12 лица загинаа при вчерашните израелски напади врз Јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. Израел ги продолжува нападите врз либанското исламистичко движење Хезболах и покрај претходно објавеното прекинување на огнот. Информациите за новите напади доаѓаат во време кога претставник на американскиот Стејт департмент најави дека на 14 и 15 мај во Вашингтон ќе се одржат разговори меѓу Либан и Израел, со цел да се подготви терен за мировни преговори. Две рунди слични разговори веќе беа одржани во израелската и либанската амбасада на 14 и 23 април. Двете земји официјално се во воена состојба уште од 1948 година, а априлските средби беа први од ваков вид по цели 33 години.
Go to News Site