Kajgana
САД ќе им конфискуваат пасоши на граѓани со големи долгови за алиментација Александра Спасеска 08.05.2026 / 09:14 Свет Стејт департментот на САД соопшти дека ќе почне со конфискација на пасоши на граѓани на САД кои должат големи суми за алиментација. Мерката можно е да влијае на родители кои должат повеќе од 2.500 долари за алиментација, со фокус на оние со значителни неплатени долгови. Министерството вели дека користи разумни алатки за поддршка на американските семејства и зајакнување на почитувањето на американскиот закон, и дека станува збор за исполнување на законските и моралните обврски на родителите кон нивните деца. На граѓаните со вакви долгови им се советува да склучат договори за отплата со надлежните владини агенции за да избегнат конфискација на нивните пасоши. Откако ќе се конфискува пасошот, тој повеќе нема да може да се користи за патување. Лицата чии пасоши се конфискувани нема да можат да добијат нов додека не го платат долгот за алиментација, соопшти Стејт департментот. Мерката е овозможена со федерален закон од 1996 година „Оваа мерка ја поддржува благосостојбата на американските деца со обезбедување реални последици за неплаќање на алиментација, во согласност со постојниот федерален закон“, соопшти Министерството. Запленувањето на пасоши за неплатена алиментација на дете од над 2.500 долари е овозможено со федерален закон од 1996 година, кој ретко се спроведувал. Досега, мерката генерално се користела само кога лицата со долгови се обидувале да ги обноват своите пасоши. Според новата политика, Стејт департментот ќе соработува со Министерството за здравство и социјална работа на САД за да ги идентификува лицата со неплатени долгови и да ги поништи нивните пасоши. Министерството не соопшти кога мерката официјално ќе стапи на сила, но Associated Press објави дека се очекува спроведувањето да започне денес. Граѓаните чии пасоши се запленети додека се надвор од САД ќе мора да одат во амбасада или конзулат на САД за да добијат итен патен документ што ќе им овозможи да се вратат во земјата, според AP. САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site