Collector
Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе | Collector
Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе
Kurir

Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, денеска оствари средба со генералниот секретар на Council of Europe, Alain Berset, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Македонија и Советот на Европа во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали го поздрави затворањето на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари 2026 година, оценувајќи го како значајно признание за демократскиот напредок на државата, реформите во владеењето на правото и посветеноста кон европските стандарди. На средбата беше истакната важноста на експертската поддршка од Советот на Европа во процесот на европска интеграција, особено во рамките на Поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството, фундаменталните права, правдата, слободата и безбедноста. Сали изрази благодарност за вклученоста на Советот на Европа во оценувањето на Акцискиот план за правата на лицата кои припаѓаат на заедниците, како и за усогласувањето со Патоказот за владеење на правото, кои претставуваат важен дел од отворачките репери за Кластерот „Темелни вредности“. Во разговорите беше нагласена и важната улога на телата и механизмите на Советот на Европа, вклучително и Венецијанската комисија, ГРЕКО, MONEYVAL, CEPEJ и Комитетот за превенција од тортура (CPT), кои обезбедуваат поддршка во зајакнувањето на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заштитата на човековите права. Министерот Сали потенцираше дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите и продолжување на процесот на европска интеграција, во тесна соработка со европските институции и меѓународните партнери.

Go to News Site