Collector
Објавена мапа на американските напади врз Иран | Collector
Објавена мапа на американските напади врз Иран
Kajgana

Објавена мапа на американските напади врз Иран

Објавена мапа на американските напади врз Иран Александра Спасеска 08.05.2026 / 10:10 Свет Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади врз цели во јужен Иран, што дојде како директен одговор на обидот на Иран за напад врз американските разурнувачи во Ормутскиот Теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) потврди дека нејзините сили „ги елиминирале дојдовните закани“ и ги погодиле иранските воени објекти одговорни за нападите. Според официјалниот извештај, иранските сили испукале повеќе ракети, лансирале дронови и испратиле брзи бордови за напад врз американските разурнувачи USS Truxtun, USS Rafael Peralta и USS Mason додека минувале низ теснецот. CENTCOM нагласи дека ниедна иранска ракета не ги погодила американските бродови, што предизвикало жестока одмазда. Погодени клучни пристаништа и командни пунктови Нападите на САД биле насочени кон места за лансирање ракети и дронови, командни и контролни центри и разузнавачки и надзорни пунктови. Висок американски функционер потврди за Fox News дека биле погодени три клучни локации: Пристаниште Бахман на островот Кешм (потврдена цел) Неидентификувана воена цел во градот Бандар Абас, покраината Хормозган Поморскиот контролен пункт Бандар Карган, исто така во покраината Хормозган CENTCOM соопшти дека САД „не бараат ескалација на конфликтот“, а високи функционери додадоа дека овие напади не значат формално враќање во воена состојба, туку претставуваат одбранбен одговор на заканите кон американските сили. NEW: US Central Command (CENTCOM) announced on May 7 that US forces “eliminated inbound threats” and struck Iranian military facilities responsible for attacks on US forces after Iran targeted US naval assets in and around the Strait of Hormuz. CENTCOM stated that the United… https://t.co/m1TLbpkK0q pic.twitter.com/UTdJxirpzQ — Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) May 8, 2026 Иран им се заканува на цивилите во Емиратите Од друга страна, иранските медиуми тврдат дека Техеран испукал ракети кон американски бродови јужно од пристаништето Чабахар, наводно како одговор на американското пукање врз два ирански брода. Портпаролот на Централниот штаб на Хатам ол Анбија, Ебрахим Золфагари, издаде предупредување до цивилите во Обединетите Арапски Емирати. Золфагари ги повика жителите на ОАЕ да „се држат подалеку од нафтените и воените центри“, сугерирајќи дека иранските напади врз земјата би можеле да продолжат. Да потсетиме дека на 4 и 5 мај, Иран веќе изврши низа напади врз Емиратите, вклучително и напад врз индустриската зона на пристаништето Фуџаира, клучна точка што ОАЕ ја користи за да го избегне сообраќајот низ блокираниот Ормутски Теснец. Иран САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site