Kurir
Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков, денеска се обрати на завршниот настан на проектот „Код за иднината- Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се одржа во Europe House во Крива Паланка. Во своето обраќање, заменик-министерката истакна дека проектот претставува успешен пример за практична примена на европските политики во областа на дигиталната трансформација и образованието. „Овој проект покажува дека европската агенда не е само стратегија, туку реална можност за развој на вештини, знаење и конкурентност кај младите“, нагласи Трајков. Таа посочи дека инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици. „Образованието има централна улога во процесот на европска интеграција. Нашата цел е да изградиме систем кој ќе создава критички мислечки, иновативни и дигитално писмени млади луѓе“, додаде заменик-министерката за европски прашања. Трајков ја потенцираше и посветеноста на Владата кон реформската агенда, особено во делот на модернизацијата на образованието и дигиталната трансформација, како клучни сегменти од европските приоритети. Проектот „Код за иднината опфати 10 училишта од различни региони, над 120 наставници и околу 3000 ученици, преку практичниактивности насочени кон кодирање, дигиталнивештини и вештачка интелигенција. На настанот беа доделени признанија за наставници и училишта кои дадоа значаен придонес во промоцијата на кодирањето и дигиталната писменост. Со вакви иницијативи, Македонија чекори кон посилна дигитална подготвеност и поблиску до европските образовни стандарди.
Go to News Site