Collector
Над 5.000 прилепски основци се вклучија во еко-акцијата „Генералка час“ | Collector
Над 5.000 прилепски основци се вклучија во еко-акцијата „Генералка час“
Kurir

Над 5.000 прилепски основци се вклучија во еко-акцијата „Генералка час“

Повеќе од 5.000 ученици од десетте основни училишта во Прилеп денеска се приклучија на еколошката акција „Генералка викенд“, која оваа година се реализира под мотото „Генералка час“. Учениците од утринските часови активно ги чистеа училниците, училишните дворови, спортските сали и останатите училишни простории, со цел создавање почиста и поздрава средина. -Освен собирањето на сметот и чистењето на училишната средина, прилепските ученици имаа и еко-активности создавајќи еко-пораки за заштита и зачувување на животната и работната, односно училишната средина. Дел од учениците денеска си ја завршија својата обврска, а некоии утре ќе ги заокружат активностите, вели Гоце Бумбароски, советник за млади при прилепската локална самоуправа. Прилеп по петти пат се вклучи во националната еколошка акција „Генералка викенд 2026“, испраќајќи силна порака за важноста од заштитата на животната средина и создавањето на почиста и поздрава околина за сите, соопштуваат од локалната самоуправа. Паралелно со тоа, екипите на ЈКП „Комуналец“, со соодветна механизација, деновиве интензивно работат на расчистување на повеќе локации со диви депонии во околината на градот. (МИА)

Go to News Site