Collector
Градоначалникот Лукровски е на боледување, општина Карпош демантира дека си поднел оставка | Collector
Градоначалникот Лукровски е на боледување, општина Карпош демантира дека си поднел оставка
Kurir

Градоначалникот Лукровски е на боледување, општина Карпош демантира дека си поднел оставка

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. -Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината. Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.

Go to News Site