Kurir
Во вториот натпревар во рамки на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, македонската репрезентација денеска во Струмица загуби од Андора на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник (2-2). Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79. минута Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути, избраничките на селекторот Катерина Милеска успеаја да го израмнат резултатот и да се изборат за изведување пенали. Во 82 минута, Елена Наумоска намали на 2:1, а пет минути подоцна го постигна и израмнувачкиот гол. Во пенал серијата, репрезентативките на Андора беа поуспешни откако обидот на Марија Велиновска со обрани противничката голманка. Во вториот натпревар Косово го совлада Сан Марино со 2:0. Македонската репрезентација во завршното трето коло ќе игра против селекцијата на Косово, в понеделник на стадионот во Турново со почеток од 13 часот. (МИА)
Go to News Site