Collector
Истрага за наводната преписка со малолетна девојка: Борнмут со суспендираше Хименез | Collector
Истрага за наводната преписка со малолетна девојка: Борнмут со суспендираше Хименез
Kurir

Истрага за наводната преписка со малолетна девојка: Борнмут со суспендираше Хименез

Англискиот прволигаш Борнмут објави денеска дека започна истрага во врска со објавите на социјалните мрежи кои покажуваат наводна преписка меѓу неговиот фудбалер Алекс Хименез и малолетна девојка. Премиерлигашот посочи дека шпанскиот дефанзивец, како резултат на истрагата, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Фулам. „Фудбалскиот клуб Борнмут е свесен за објавите што циркулираат на социјалните мрежи, а кои се однесуваат на десниот бек, Алекс Хименез. Клубот ја разбира сериозноста на случајот и започна истрага“, се вели во клупското соопштение. Хименез дојде во Борнмут минатиот септември како позајмен фудбалер од Милан, а во февруари оваа година англискиот клуб го откупи неговиот договор.  (МИА)

Go to News Site