Kajgana
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи Филип Здравески 09.05.2026 / 08:44 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени. Главниот град го очекува слична метеоролошка состојба. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 21 степен Целзиусов. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во следниот период ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и вторник се очекува значително засилување на ветерот, кој во западните делови од државата ќе надминува брзина од 60 километри на час. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site