Collector
Општина Кисела Вода постави уште 15 контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките | Collector
Општина Кисела Вода постави уште 15 контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките
Kurir

Општина Кисела Вода постави уште 15 контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките

Општина Кисела Вода продолжува со успешното имплементирање на системот за селекција на текстилен отпад. Поставени се нови 15 контејнери за текстилен отпад кои се распоредени пред основните училишта и детските градинки низ општината. Со ова, иницијативата добива изразена едукативна димензија, директно насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување на одговорни навики за заштита на животната средина уште од најрана возраст. Ова претставува втора фаза од проектот кој се реализира во соработка со лиценцираната компанија „ЕКО-ТЕКС ГРУП“ ДОО Скопје. Првите 15 контејнери пред неколку месеци беа поставени пред сите месни и урбани заедници со цел да бидат лесно достапни за граѓаните. Од почетокот на нивното поставување досега, жителите покажаа исклучителна одговорност, при што се веќе собрани над 2 тона текстилен отпад кој е соодветно селектиран. -Со поставувањето на овие контејнери пред образовните институции правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот, сакајќи екологијата да ја направиме дел од секојдневието на нашите дечиња. Досега собраните 2 тона отпад, за овој краток период, се доказ дека нашите сограѓани сакаат да се грижат за својата општина. Упатувам голема благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и за оваа значајна донација преку која заедно придонесуваме кон почиста и поздрава околина- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Go to News Site