Collector
Беким Сали учествуваше на одбележувањето на Денот на Европа 2026 во Скопје | Collector
Беким Сали учествуваше на одбележувањето на Денот на Европа 2026 во Скопје
Kurir

Беким Сали учествуваше на одбележувањето на Денот на Европа 2026 во Скопје

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на официјалните активности по повод Денот на Европа 2026, организирани во Градскиот парк во Скопје, заедно со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и градоначалникот на Град Скопје. Во рамки на официјалната програма, министерот Сали учествуваше во официјалното обраќање и изјавите за медиуми, при што истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на Владата и дека Денот на Европа претставува симбол на единство, солидарност и заедничка европска перспектива за граѓаните на Македонија. По официјалниот дел, делегацијата ги посети тематските зони посветени на промоција на локални производи, одржлива економија и креативни иницијативи поддржани од Европската Унија. На крајот од настанот беше реализирано и симболичното отворање на Игрите на Европа, организирани во соработка со земјите-членки на ЕУ, со цел промоција на европскиот дух, соработката и културната разновидност.

Go to News Site