Kurir
Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и првиот човек на ракометниот клуб, за време на својата посета на Унгарија остварил средба со Чаба Барта, претседателот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем. Во фокусот на разговорите бил развојот и успесите на ГРК во европските натпреварувања, како и настапите во домашното првенство и купот, за што охридскиот клуб добил признание и честитки од унгарскиот ракометен гигант. Пецаков истакна дека претставува голема чест кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава напорите и напредокот на ГРК Охрид. На средбата се разговарало и за идните стратегии за развој на клубовите, како и за перспективите на европскиот ракомет. Градоначалникот упатил и официјална покана до Веспрем да учествува на традиционалниот ракометен турнир во Охрид, со надеж дека од следната година турнирот ќе биде збогатен со уште едно големо европско ракометно име.
Go to News Site