Kajgana
Хакими ќе биде подготвен за финалето против Арсенал Филип Здравески 10.05.2026 / 12:18 Фудбал Пари Сен-Жермен славеше по полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Баерн, со вкупен резултат од 6:5. Реванпот во Минхен, ПСЖ го играше без Ашраф Хакими, кој се повреди во првиот натпревар. Добрата вест за Луис Енрике е дека 27-годишниот марокански десен бек веројатно ќе биде подготвен да се врати пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал на 30 мај во Будимпешта. Сепак, Хаккими не е единствената грижа на шпанскиот тренер, објавува RMC. Прашање е дали рускиот голман Матвеј Сафонов, кој стоеше меѓу стативите во полуфиналниот двомеч, ќе биде подготвен за финалето поради повреда на листот, а под знак прашалник е и вториот голман, Лука Шевалје. Шевалје ќе го пропушти денешниот натпревар од домашното првенство против Брест, додека Сафонот е во составот. Прогнозите се дека ќе бидат подготвени за финалето на Лигата на шампионите. Повреда на грботи има и играчот од средниот ред Варен Заир-Емери. Ашраф Хакими ПСЖ Лига на шампиони Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site