Kajgana
Брз водич: Хантавирус Филип Здравески 10.05.2026 / 13:40 Свет Што е хантавирус? – Хантавирусот е група вируси што ги пренесуваат глодари (глувци и стаорци). – Може да се најде во одредени делови од Европа, Африка и Азија. – Иако повеќето хантавируси не се пренесуваат од човек на човек, во ретки случаи е документиран ваков пренос кај сојот Андес. Како се шири? – Луѓето обично се заразуваат со вдишување воздух загаден со вирусни честички од урина, измет или плунка на глодари. – Пренос од човек на човек се случува само во услови на многу близок контакт. – Сојот Андес на хантавирус е идентификуван кај неколку лица на холандскиот крузер. Кои се симптомите? Симптомите на инфекција со хантавирус можат да вклучуваат: треска силен замор болки во мускулите болки во стомакот мачнина и повраќање дијареја отежнато дишење Во некои случаи, може да се развијат тешки проблеми со дишењето, низок крвен притисок и откажување на бубрезите, што бара болничко лекување. Како се лекува? Во моментов нема широко достапна вакцина или специфичен антивирусен лек за хантавирус. Лекувањето се заснова на симптомите (на пример, болничка нега и апарати за поддршка на дишењето). хантавирус Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site